Карзаи: Нема услови за враќање на Ал Каеда во Авганистан

Од:

Авганистанскиот претседател на заминување, Хамид Карзаи изјави дека не постојат услови за враќање на Ал Каеда во Авганистан или на некоја исламистичка милитантна група, која е поврзана со нејзината мрежа.

– Овде никогаш нема да се случи она што сега се случува во Ирак, изјави Карзаи во разговор за Би-Би-Си.

Тој тврди дека Ал Каеда не е присутна на авганистанската територија.

Карзаи, кој заминува од функцијата по два мандати како претседател, наведе дека има „регуларна и редовна комуникација“ со талибанците, со кои има секојдневни контакти, водејќи дијалог и разменувајќи писма, во кои станува збор за прашања поврзани со обезбедувањето мир во земјата.

Но Карзаи истакнува дека тие не можат да обезбедат сопствен мир, како што тоа не може да го направат ниту Авганистанците и Владата.

Разговорот е воден по вториот круг од претседателските избори,  што се одржа на 14 јуни, во кои учествуваат поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула и некогашниот економист во Светска банка, Ашраф Гани. По првиот круг во водство е Абдула, кој се очекува да победи, но конечните резултати ќе бидат познати во текот на летото, а промената во претседателската палата во Кабул се очекува во текот на август. Вториот круг од изборите поминаа во услови на крваво насилство, откако талибанците им се заканија на Авганистанците да не гласаат, па ги напаѓаа избирачкте места и им отсекува прст на гласачите, оној на кој е одбележано се специјално мастило дека гласале.

Карзаи прифаќа дека Авганистан ќе има потреба од поддршка на меѓународната заедница, инсистирајќи дека тоа ќе биде „таму каде што Авганистанците не ќе можат сами“ но вели дека заштитата на земјата ќе биде работа само на Авганистанците. Минатата година тој ја одби понудата на САД за стратешко пратнерство со Американците и по повлекувањето на НАТО и на меѓународните сили, до крајот на оваа година. Двајцата претседателски кандидати, меѓутоа, највуваат дека доколку победат ќе ја прифатат амерканската понуда. Останува да се разреши прашањето за имунитетот на американските војници и на воениот персонал од авганистанските судови, како и барањето на Карзаи, правото на интервенција (од страна на силите на САД) да биде зависно од претходна согласност на авганистанските власти. САД не се согласуваат ниту да го штитат Авганистан од надворешни напади, затоа што би можело да се судрат со Пакистан.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски