Карзаи негира финансирање на господарите на војната со пари од ЦИА

Од:

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска негираше дека парите што неговиот Кабинет ги примал од ЦИА се користени за подмитување локални „господари на војната“ за да ја поддржат неговата влада.

Њујорк тајмс во почетокот на оваа недела објави дека ЦИА во изминатите десет години на Карзаи му дале десетици милиони долари.

Авганистанскиот претседател потврди дека Националниот совет за безбедност кој е дел од неговата администрација примал пари.

Тој вели дека станува збор за мали суми кои се користени за здравствена заштита и стипендии на млади.

– Тие пари не се давани на господари на војната. Поголем дел е потрошен на службеници во Владата, за лекување, за стипендии за млади и секогаш е давано на поединци, а не на движења, изјави тој.

Њујорк тајмс тврди дека тие пари се користени за подмитување вооружени локални лидери за да ја поддржат Владата на Карзаи и меѓународната коалиција пред повлекувањето на НАТО во идната година.

Авганистанските господари на војната кои се бореа против советската окупација во 80-те години и против талибанското движење и сега имаат големо влијание, а многумина од нив се поврзани со Владата на Карзаи која дојде на власт по протерувањето на талибанците во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан