Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи им нареди на специјалните сили на американската војска, во рок од две недели да ја напуштат покраината Вардак по наводите за присилни исчезнувања и тортура.
Портпаролот на авганистанскиот претседател Ејмал Фаизи рече дека мерките се преземени поради постапките на авганистанците за кои се смета дека се дел од американските специјални сили.
Авганистанските единици се соочуваат со обвиненија за тортура и исчезнувања. Според прелиминарните резултати на истрагата, на еден студент му е одсечена главата во Вардак.
Стратешки многу важната покраина Вардак, во минатиов период е центар на операциите против бунтовниците.
Портпаролот на мериканските сили рече дека сите обвинувања се сваќаат сериозно, но дека не може да соопшти било какви други детали.