Првиот министер на Велс, Карвин Џонс денеска предупреди дека евентуалното британско напштање на ЕУ или т.н. „Брекзит“, ќе предизвика уставна криза во Велика Британија, а можно е и земјата да се најде на работ на распад.
Во интервју за „Индепендент“ Џонс вели дека кризата е неминовна доколку Англија се определи за „Брекзит“, а другите делови на земјата (Велс, Шкотска и Северна Ирска) за останување во Унијата.
– Таквиот распоред на референдумското определување на гласачите, ќе има катастрофални политички последици за земјата во целина, смета влешкиот прв министер.
Џонс ги обвини приврзаниците на напуштање на ЕУ за „мавтање со национализот“, што е прва ваква квалификација за антиевропските сили, главно сконцентрирани во Англија, во досегашниот тек на кампањата за референдмот.
Првиот министер на Велс предупредува и на опасноста од колапс на велшката економија доколку Велика Британија излезе од ЕУ, затоа што ќе ги снема грантовите што ги добива Велс, ќе исчезнат субвенциите за земјоделството, а странските инвеститори кои обезбедуваат голем дел од вработувањето, ќе се повлечат од покраината.
Секоја година, Велс добива по 700 милиони евра од фондовите за развој на ЕУ, повеќе од 40 отсто од велшкиот извоз оди на пазаот од Унијата, а над 200 илјади вработени директно зависат од британското членство во блокот.
Велс и Шкотска се најголемите приврзаници на ЕУ во Велика Британија, додека во Северна Ирска унионистите од Демократската унионистичка партија се за излез од Унијата, додека републиканците-католици од Шин Феин се за останување на земјата во блокот.
Заменик првиот министер во заедничаката унионистичко-републиканска влада на Северна Ирска. Мартин Мекгинис предупреди минатата недела дека доколку Англичаните изгласаат напуштање на ЕУ, многу е веројатно во оваа покраина да се одржи референдум за обединување со Република Ирска.