Картер: Северна Кореја да ја ограничи нуклеарната програма

Од:

Американскиот министер за одбрана Еш Картер ја повика денеска Северна Кореја да ја ограничи програмата за создавање на нуклеарно оружје и во крајна смисла да го укине тој вид оружје, но призна дека шансите за помирување меѓу двете корејски држави се мали.

Картер ја посети демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров и нагласи дека САД му даваат силна поддршка на својот сојузник, Северна Кореја.

Ова е првата посета на Картер како министер за одбрана на демилитаризираната зона, создадена со примирјето, со кое во 1953 година се стави крај на Корејската војна.

– Кога си тука гледаш колку е опасен овој дел од светот, рече Картер во граничното населено место Панминџон. Во придружба на американски и јужнокорејски високи воени функционери тој посети и набљудувачки пункт од јужнокорејската страна на границата.

Картер потоа заминува за Сеул, каде утре ќе се одржи редовна годишна средба меѓу САД и Јужна Кореја по прашањата за безбедноста.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху