Картер: Русија веројатно ги промашила позициите на ИД

Од:

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер денска изјави дека се чини оти руските напади во Сирија били извршени во реони каде веројатно нема сили на џихадистичката група Исламска држава.

– Токму тоа е проблемот со рускиот пристап, нагласи Картер.

Руските напади во Сирија тој ги оцени како „заблуда, која е осудена на неуспех“, но додаде дека се уште е можно Русија да одигра конструктивна улога во запирањето на сирискиот конфликт.

Министерство за одбрана на Русија од своја страна соопшти дека руските сили извршиле околу 20 напади врз осум објекти на ИД во Сирија.

– Руското Воено воздухопловство денеска изврши прецизни напади врз осум објекти на терористичката група ИД на територијата на Сирија. Беа извршени околу 20 летови на руските воени авиони, изјави претставник на Министертсвото.

Според него, во ударите биле уништени складишта за муниција, оружје и воена техника на ИД.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак