Каримов реизбран за претседател на Узбекистан

Од:

Според прелиминарните резултати од Централната изборна комисија, актуелниот претседател на Узбекистан, Ислам Каримов победи на изборите за шеф на државата.Освои 90,39 отсто гласови од избирачите, изјави Мирза Улугбек Абдусаломов, претседател на Изборната комисија.

За 77-годишниот Каримов гласале 17,2 милиони луѓе или 90,39 отсто од избирачите кои го искористиле праваот на глас. На изборите учествуваа 18,942 милиони луѓе што е 91,8 отсто од запишаните во изборните списоци.

Каримов е на власт од 1991 година.

ОБСЕ ги критикуваше изборите како недемократски и без политичка алтернатива. Организацијата исто така нагласува дека Каримов продолжува да се кандидира во спротивност со Уставот кој не дозволува еден претседател да има повеќе од два последователни мандата.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, 160 се повредени во експлозија што се случи во Узбекистан

(ВИДЕО) Експлозија во близина на аеродромот во Ташкент, има повредени

Како ќерката на диктатор изгради империја вредна 240 милиони долари

16 тешко повредени по експлозија во магацин на Министерството за одбрана на Узбекистан

Експлозија во воен магацин во Узбекистан, најмалку 16 повредени

Во Узбекистан почнува самитот на Шангајската организација за соработка, Путин и Си ќе имаат средба

А1он