Ирачките безбедносни сили денеска спречија напад на борците на Исламска држава врз Киркук, изјави денеска гувернерот на истоимената ирачка провинција Наџмадин Карим.
– Нападот е спречен и животот се враќа во нормала, посочи Карим.
Тој додаде дека во тридневните судири елиминирани се 74 џихадисти.
За време на операцијата во Киркук заробени се поголем број припадници на ИД, меѓу кои и еден командант.