Карантинот во Сиднеј продолжен за уште една недела

Од:

Двонеделниот локдаун во најголемиот австралиски град Сиднеј ќе биде продолжен за уште една недела, со цел да се спречи ширењето на заразниот делта сој на коронавирусот, објавија локалните медиуми.

Сиднеј, каде живее една петтина од 25 милиони жители на Австралија, се бори со најсилниот бран на пандемијата оваа година. Вкупниот број на заразени надмина 330 лица откако беше регистриран првиот случај на инфекција пред три недели.

Властите во државата Нов Јужен Велс на 26 јуни воведоа строга блокада за да се запре ширењето на делта мутацијата. Забраната за напуштање на домовите требаше да биде укината во петокот, но сега ќе биде продолжена до 16 јули, јавија локалните медиуми.

Постоечките ограничувања, вклучително и носење заштитна маска во затворени простории и во јавен превоз, ќе бидат во сила уште една недела, а училиштата во Сиднеј ќе преминат на настава од далечина кога ќе завршат зимските празници, објави Сиднеј Морнинг Хералд.

Во земјата се регистрирани над 30.800 случаи на зараза и 910 починати лица како последица на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он