Кандидатот на левичарската партија на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес победи во првиот круг на вчерашните претседателски избори.
Победата на кандидатот на Движењето Моралес за социјализам, Луис Арсе (57), значи ненадеен пресврт на Боливија од конзервативната политика на претходната привремена влада поддржана од САД. Привремената влада ја презеде власта во ноември минатата година откако Моралес (60), долгогодишен левичарски претседател, поднесе оставка и ја напушти земјата под притисок на демонстрантите и војската.
Главниот ривал на Арсе на изборите, центристот Карлос Меса, го призна поразот на изборите, како и привремената претседателка на Боливија, Жанин Ањес, противничка на Моралес.
Иако официјалните резултати не се објавени, две независни агенции, спонзорирани од Римокатоличката црква и граѓанскиот сектор, објавија дека Арсе освоил нешто повеќе од 50 проценти од гласовите и има предност од околу 20 проценти во однос на Меса.