Кандидат на локалните избори во Словачка повикува на иселување и стерилизација на Ромите

Од:

Словачкото обвинителство, покрена кривична постапка против Владимир Гиртлер, кандидат на локалните избори, кој во својата кампања нуди пари за стерилизација на ромските жени и авионски билети за иселување на Ромите од земјата.

Претставникот на партијата ,,Седуммината величествени”, кој се кандидира во населба во градот Кошице, во источниот дел на земјата, на видео спотовите обраќајќи им се на Ромите прашува: ,,Доколку собереме средства ќе си одите?”.

На плакатите пак, на ромските жени им нуди 10.000 евра ако се стерилизираат, јави дописникот на МИА од Прага.

Во минатотото, Словачка во Европскиот суд за човекови права изгуби неколку спорови во врска со откриени незаконски стерилизации на Ромки.

Гиртлер, негирајќи дека е расист, во видеата објаснува дека сака во населбата каде се кандидира да им помогне на Ромите.

– Ако не им помогнеме, потоа ние, мнозинското население на Словачка ќе имаме по некое време сериозни проблеми, вели Гиртлер и додава дека од парите наменети за Ромите живеаат експертите за човекови права.

Гиртлер, поднесе кривична пријава против непознат сторител, кој на еден од неговите предизборни плакати долепил маска на Кју Клукс Клан.

Според него, тоа му нанесува штета, претставувајќи го како екстремист, а тој самиот тоа го негира.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски