Канбера легализира марихуана за лична употреба

Од:

Главниот град на Австралија, Канбера, е првиот во земјата што денеска ја легализира марихуаната за лична употреба.

Законодавното собрание на градот изгласа дека заклучно со 31 јануари следната година, возрасните можат да поседуваат и до 50 грама сушена марихуана и да одгледуваат две растенија марихуана.

Во Канбера живеат околу 400.000 луѓе.

Поседувањето мали количини марихуана е декриминализирано низ цела Австралија, но австралиската престолнина е прва од осум држави и територии што го легализира поседувањето и одгледувањето марихуана.

Пациентите во Австралија можат да користат марихуана во медицински цели со рецепт од лекар од 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа