Канаѓанка подметнала 20 пожари во САД

Од:

Канаѓанка која последниве десет години ги поминала во бегство од властите во најголемата истрага во историјата на САД за терористички чин против животната средина, излегува денеска пред судот во Орегон, обвинета за заговор за подметнување пожари.

Ребека Рубин (39), обвинета е за вмешаност во активностите на “фронт за ослободување на Земјата” и “фронт за ослободување на животните” – две меѓусебно поврзани групи познати и како “Фамилија” (The Family), чија членка била.

Овие две организации важат за одговорни за штетите од 40 милиони долари предизвикани со подметнување на повеќе од 20 пожари ширум западниот дел на САД од 1996 до 2001 година.

Групата го запалила ски-центарот во Колорадо, засолништа за диви коњи во Орегон и Северна Калифорнија, дрвари и државната шумарска служба во Орегон.

Рубин во ноември минатата година и се предаде на полицијата на САД, а уште двајца други обвинети се се уште во бегство.

На судењето во 2007. десет членови на групата ја признаа вината за заговор за подметнување пожари и беа осудени на затворски казни.

Иако Рубин не е обвинета за тероризам, обвинението укажува на тоа дека таа и другите членови на “Фамилија” се обиделе со своите акции да ја заплашат индустријата и власта, и да и се одмаздат на владата.

Во текот на подметнувањето на пожарите, ФБИ, “фронт за ослободување на Земјата” – “фронт за ослободување на животните”, ги нарече врвна домашна терористичка закана во САД.

“Фамилија” е распуштена во 2001-та година, но ФБИ им остана на трага на нивните членови.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада