Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Од:

Шефот на канадската безбедносна разузнавачка служба Дејвид Вињо денеска ги предупреди канадските граѓани да не ја користат апликацијата TikTok.

Тој рече дека податоците за корисниците собрани од апликацијата се „достапни за кинеската влада“, објави CBS.

„Како директор на Канадската безбедносна разузнавачка служба, верувам дека постои многу јасна стратегија на кинеската влада за собирање лични информации од кој било ширум светот“, рече Вињо.

Во септември, Канада нареди ревизија на националната безбедност на предлогот на TikTok за проширување на операциите во земјата, при што Вињо рече дека ќе учествува во прегледот и ќе понуди совети.

Претходно овој месец, кинеската компанија Bytdance, која ја поседува апликацијата TikTok, поднесе тужба до американскиот федерален суд барајќи да го блокира законодавството што би го забранило TikTok во САД.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Астрономска понуда за TikTok: Американски милијардер во трка за апликацијата

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Горан Наумовски

Трамп нареди создавање нов државен фонд: „Тој би можел да го купи TikTok“