Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите

Од:

Блокадата на канадските камионџии, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите.

Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на мостот Амбасадор, што го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит, попречувајќи ја испораката на автоделови и други производи меѓу двете земји.

– Полицијата во близина на мостот Амбасадор почна да распоредува дополнителни сили, изјави Дру Дилкенс, градоначалник на Виндзор во Онтарио, кој граничи со Детроит. Доколку демонстрантите не си заминат, ќе мора да одиме напред. Ако тоа значи нивно физичко отстранување, ние сме подготвени да го сториме тоа, наведе Дилкенс.

Тој подоцна на прес-конференција изјави дека се обидува да го реши проблемот по мирен пат и да се обезбеди никој да не биде повреден. Американските власти се подготвија за можноста за слични протести низ САД, а властите во Париз и Белгија забранија блокади на патиштата.

Мостот Амбасадор е најфреквентниот американско-канадски граничен премин преку кој се одвиваат 25 отсто од вкупната трговска размена меѓу двете земји, па последиците од блокадата се повеќе се чувствуваат. Форд соопшти дека нејзината фабрика за мотори во Виндзор, Онтарио, еден ден била затворена поради недостиг на делови. Додека фабрика за склопување во Оуквил, во близина на Торонто, работи со намален капацитет.

Џенерал моторс пред два дена ја откажа втората смена, а вчера и првата смена во фабрика за СУВ, што се наоѓа во близина на Лансинг, Мичиген. Тојота соопшти дека нема да може да произведе ништо во три канадски фабрики до крајот на неделата поради недостиг на делови.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека соработува со локалните власти за да се направи се што е потребно за да се прекине блокадата на мостот.

– Блокадата им штети на обичните Канаѓани, без оглед дали се работи за цените на продавниците, изгубени или суспендирани работни места или прекинати синџири на снабдување. Ова им штети на заедниците низ целата земја, истакна Трудо. Полицијата во Отава најави дека ќе ги разбие протестите во центарот на градот, каде се сместени владините згради, зградата на Парламентот и резиденцијата на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто