Канадските пратеници ги прогласија за „геноцид“ руските напади врз Украина

Од:

Пратениците во Долниот дом на канадскиот Парламент синоќа едногласно ги прогласија како „геноцид“ руските напади врз Украина, забележувајќи дека има „доволно докази за систематски и масовни воени злосторства против човештвото“ извршени од Москва.

Во нацрт-декларацијата на Долниот дом се наведува дека руските воени злосторства вклучуваат масовни злосторства, систематски случаи намерно убивање украински цивили, сквернавење трупови, присилно пренесување украински деца, тортура, физички повреди, психички повреди и силување.

Претходно овој месец премиерот Џастин Трудо рече дека е „апсолутно исправно“ кога се повеќе луѓе ги опишуваат руските акции во Украина како геноцид, поддржувајќи ги обвинувањата изнесени од американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден претходно рече дека инвазијата на Украина е геноцид, но додаде дека останува на меѓународните адвокати да одлучат дали инвазијата ги исполнува критериумите за геноцид.

Русија, која ги негира наводите за геноцид, својата акција во Украина ја нарекува „специјална воена операција“, со обвинувања на украинската страна за геноцид врз луѓето што зборуваат руски јазик во земјата, обвинение што Украина, пак, го отфрла како бесмислица.

Канада е меѓу земјите што воведоа санкции кон Русија по инвазијата на Украина на 24 февруари. Во текот на вчерашниот ден таа воведе дополнителни санкции за 203 лица за кои вели дека се соучесници во обидот на Русија да го анектира регионот Донбас во источна Украина.

Канадската Влада исто така најави дека ќе ја измени легислативата за да дозволи запленетите руски средства да ги исплати за обновата на Украина односно како помош за оние кои се погодени од руската инвазија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он