Канадскиот премиер во самоизолација: Сопругата на Трудо со симптоми на коронавирус

Од:

Премиерот на Канада, Џастин Трудо се самоизолирал откако неговата сопруга, која се врати од Велика Британија, почнала да има симптоми на грип.

Според неговиот портпарол, во наредните неколку дена Трудо ќе одговори на сите прашања од новинарите преку камера, со која ќе се снима.

– Премиерот ќе одржи брифинзи, телефонски разговори и виртуелни состаноци од дома, вклучително и разговори со светските лидери и учество во специјален комитет против Ковид-19 – се вели во соопштението.

Неговата сопруга која почнала да ги чувствува симптомите на грип, е тестирана на коронавирус, но резултатите сè уште се чекаат.

Според соопштението, Трудо и неговата сопруга Софи Грегоар покажале благи симптоми слични на грип и зголемена температура откако се вратиле од Лондон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трудо на работ на солзи поради смртта на Кралицата: Ќе ми недостигаат разговорите со неа

А1он

Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

По Бајден и Трудо го употреби терминот „геноцид“ за случувањата во Украина, Макрон и Шолц се воздржуваат

Ана Ололовска

Русија воведе санкции за 313 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Трудо

А1он

Канада/Ковид-19: Трудо во изолација по контакт со заразено лице; протести на камионџии против задолжителна вакцинација

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со камења против Трудо, противниците на вакцинацијата го нападнаа канадскиот премиер