Канадскиот премиер изврши реконструкција на Владата

Од:

Канадскиот премиер Стивен Харпер денеска именува осум нови министри, што досега е најголема реконструкција на Владата откако ја презеде премиерската функција во 2006 година.

Шели Глоувер е нов министер за културно наследство и официјални јазици на местото Џејмс Мур, кој ќе биде министер за индустрија. Мишел Ремпл е нов државен министер за економски развој на западните канадски провинции.

Рона Амброуз, која досега беше министер за јавни работи и владини служби ќе биде министер за здравство, а Пјер Полвер ќе биде државен министер за демократски реформи.

Џулијан Фантино ќе биде министер за прашањата на ветераните. Кели Лијч ќе раководи со Министерството за труд, а Кери-Лин Финдли ќе биде министер за национален приход. Досегашниот министер за труд Лиза Рајт ќе биде министер за транспорт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски