Канадскиот премиер Стивен Харпер денеска именува осум нови министри, што досега е најголема реконструкција на Владата откако ја презеде премиерската функција во 2006 година.
Шели Глоувер е нов министер за културно наследство и официјални јазици на местото Џејмс Мур, кој ќе биде министер за индустрија. Мишел Ремпл е нов државен министер за економски развој на западните канадски провинции.
Рона Амброуз, која досега беше министер за јавни работи и владини служби ќе биде министер за здравство, а Пјер Полвер ќе биде државен министер за демократски реформи.
Џулијан Фантино ќе биде министер за прашањата на ветераните. Кели Лијч ќе раководи со Министерството за труд, а Кери-Лин Финдли ќе биде министер за национален приход. Досегашниот министер за труд Лиза Рајт ќе биде министер за транспорт.