Канадскиот парламент го ратификуваше Меѓународниот договор за климата

Од:

Долниот дом на Парламентот на Канада синоќа со големо мнозинство го ратификуваше Меѓународниот договор за климата.

„За“ ратификација на Договорот од Париз гласаа 207 пратеници, а 81 беа „против“. Сите пратеници кои гласаа против Договорот се членови на опозициската Конзервативна партија.

Договрот за климата официјално ќе стапни во сила на 4 ноември.

Во понеделникот канадскиот премиер Џастин Тридо најави дека од 2018 година Канада ќе воведе данок на емисиите на јаглерод диоксид во висина од 10 канадски долари (6,8 евра) на тон ослободено количество на овој штетен гас.

Според Тридо, во наредните пет години овој данок постепено ќе се зголемува до 50 канадски долари (34 евра) на тон емисии на јаглерод диоксид.

Канада си постави за цел до 2030 година емисиите на штетни гасови да ги сведе на ниво за 30 отсто помало од она во 2005 година. Експертите сепак проценуваат дека шансите на Канада за остварување на оваа цел се многу мали.

Би можело да ве интересира

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

(ВИДЕО) Новиот канадски премиер одма го нападна Трамп: САД да покаже почит

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина