Милијардерот и филантроп од Торонто, Бари Шерман и неговата сопруга Хани пронајдени се мртви во нивниот дом.
Канадската полиција соопшти дека случајот се испитува како сомнителен.
Министер за здравство во провинцијата Онтарио, Ерик Хоскинс истакна дека е прерано за заклучоци и оти полицијата ги испитува околностите. Тој не наведе повеќе детали за времето и причината за смртта.
Шерман е основач на компанијата „Апотекс“.