Канадската Влада ја одобри изградба на нафтоводот „Северна врата“

Од:

Канадската Влада го одобри проектот на канадската компанија „Енбриџ“ за изградба на нафтоводот „Северна врата“ во висина од 7,9 милијарди канадски долари.

Министерот за природни ресурси Грег Рикфорд истакна дека пред да почне изградбата на нафтоводот, компанијата ќе треба да исполни 209 препораки на Националниот енергетски совет, поврзани со еколошките, техничките и социјалните аспекти на проектот.

Нафтоводот ќе биде од провинцијата Алберта до градот Китимат во Британска Колумбија, на тихоокеанското крајбрежје на Канада. Нафтоводот ќе биде долг 1.117 километри. Целта на нафтоводот е доставата на нафта за Азија, пред се за големиот кинески пазар.

Против проектот се изјаснија екологистите и локалните племиња, кои стравуваат од евентуално истекување на нафта и еколошка катастрофа на канадскиот тихоокеански брег.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто