Канадската полиција уапсила две лица за подготовка на терористички акт

Од:

Двајца мажи се уапсени и обвинети за подготовка на терористички напад врз патнички воз во Канада, со поддршка на Ал Каеда, соопшти полицијата, цитирана од американските медиуми.

Според канадските органи на редот, 30-годишниот Чихеб Есегхајер и 35-годишниот Раед Џасер, кои живееле во Монтреал и Торонто, планирале напад врз воз на компанијата „Виа реил“.

Полицијата наведе дека нападот „бил во фаза на планирање, а не бил пред непосредна реализиција“. Таа додаде дека тоа е првиот извесен напад, подготвен од Ал Каеда во Канада.

Според неа, двајцата уапсени напатствија добивале од елементи на Ал Каеда во Иран, но нема докази дека терористичкиот заговор бил спонзориран од некоја држава.

Мажите не добивале финансиска поддршка од Ал Каеда.Полицијата соопшти дека уапсените не набележале некоја конкретна железничка линија.

Таа наведе дека тие не се канадски државјани, но одби да посочи од каде се или зошто дошле во Канада.

Истрагата против двајцата мажи била дел од прекуграничната операција во која учествувале канадските правни органи, ФБИ и американското Министерство за внатрешна безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски