Канада воведува задолжителни вакцини за федералните службеници и за превоз

Од:

Канада ќе ги испрати невакцинираните федерални службеници на неплатено отсуство и ќе бара вакцини против Ковид-19 за секој што патува со авион, воз или брод, изјави премиерот Џастин Трудо, презентирајќи едни од најстрогите досегашни политики за вакцинација во светот.

До 29 октомври, сите федерални службеници ќе треба да се изјаснат на онлајн портал дека завршиле циклус на имунизација. Луѓето над 12-годишна возраст кои користат домашни летови, возови и поморски превоз ќе мора да покажат дека се целосно вакцинирани до 30 октомври. Ова важи и вработените во транспортниот сектор.

– Овие мерки за превозот, заедно со задолжителната вакцинација за федералните службеници, се едни од најстрогите во светот. Ако ја направите вистинската работа и се вакцинирате, заслужувате слобода да бидете безбедни од ковид, рече Трудо.

Во Канада има околу 300.000 луѓе во државната служба, и дополнителни 955.000 лица вработени во сектори регулирани од државата. Тоа се околу осум проценти од сите вработени во земјата.

Канада целосно вакцинираше повеќе од 70 проценти од своето население од 38 милиони.

Би можело да ве интересира

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада