Канада воведе задолжителна вакцинација за пратениците

Од:

Канадските пратеници ќе мора да се вакцинираат против коронавирус за да работат во Долниот дом од крајот на ноември, изјави спикерот Ентони Рота.

– Правилото стапува во сила во понеделник на 22 ноември 2021 година. Луѓето мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 за да им биде дозволен влез во Долниот дом, рече тој.

Новото барање ќе се однесува не само за членовите на Долниот дом и нивниот персонал, туку и за канцелариските работници, новинарите и консултантите. Директивата доаѓа околу еден месец по изборната кампања, во која задолжителните вакцини беа предмет на жестоки дискусии.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој минатата недела соопшти дека неговиот кабинет ќе биде претставен на 26 октомври и оти Парламентот повторно ќе се состане на 22 ноември, даде поддршка за задолжителната вакцинација на либералите. Други политички партии го следеа повикот на Трудо, со исклучок на лидерот на Конзервативната партија.

Рота додава дека луѓето кои не можат да примат вакцина поради медицински причини, ќе можат да направат брзи тестови за Ковид-19. Покрај тоа, канадскиот Парламент останува затворен за посетители, а условот за носење маска е продолжен до јануари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто