Канада обезбеди дополнителни 30 милиони долари за борба со еболата

Од:

Канадската Влада ќе обезбеди 30 милиони долари за борба со вирусот ебола, јави канадската телевизија Си-Би-Си.

Претходно прес службата на канадскиот премиер Стивен Харпер посочи дека канадскиот лидер разговарал по телефон со генералниот секретар Бан Ки-мун при што го информирал дека Канада во следните денови ќе префрли помош за борба со еболата.

Отава веќе даде 35 милиони долари за борба со епидемијата. Средствата и беа префрлени на СЗО. Освен тоа, во Западна Африка во моментот работат две епидемиолошки лаборатории. Според СЗО, за борба со еболата потребни се најмалку една милијарда долари.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори