Канада најави олеснување на граничните мерки воведени поради Ковид-19

Од:

Канадските власти денеска соопштија за олеснување на проверките и правилата воведени поради Ковид-19 за патниците кои пристигнуваат на нејзините граници, а исто така нема повеќе да се бараат ПЦР тестови.

– Објавувам денеска дека ги олеснуваме нашите гранични мерки, изјави канадскиот министер за здравство Жан Ив Дукло на прес-конференција.

Според него, „овие промени се можни не само затоа што го поминавме врвот на сојот омикрон, туку затоа што Канаѓаните низ целата земја ја слушаат науката и експертите, ги почитуваат мерките за јавно здравје и преземаат чекори за да се заштитат себеси, нивните семејства и нивните заедници“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре