А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

by А1он28/02/2025 - 14:33522
Share0

Канада ќе одговори брзо и исклучително силно доколку САД воведат царини за канадски стоки следниот вторник, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

Добивај вести на вибер

Трудо сепак, додаде дека Канада не сака трговска војна со својот сосед, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно денеска дека планира да воведе царини за увоз од Канада и Мексико следниот вторник.

Тој рече дека недозволените дроги, како што е фентанил, се шверцуваат во САД на „неприфатливи нивоа“ и дека увозните даноци ќе ги принудат другите земји да се борат против шверцот.

„Не можеме да дозволиме ова зло да продолжи да им се заканува на Соединетите држави и затоа, додека не биде запрено или сериозно ограничено, предложените тарифи планирани да стапат на сила на 4-ти март, навистина, ќе стапат на сила, како што е планирано“, рече Трамп на неговата социјална мрежа Вистина.

Канадскиот министер за јавна безбедност Дејвид Мекгинти денеска изјави дека „напредокот што Канада го постигна во зајакнувањето на безбедноста долж границата со САД и борбата против трговијата со дрога треба да ја задоволи администрацијата на Трамп“, објави Ројтерс.

Тој го изјави ова во Вашингтон пред разговорите со високи американски претставници.

На 1 февруари, американскиот претседател потпиша извршни наредби со кои се воведуваат царини од 25 отсто за производите од Мексико и Канада, како и царини од 10 отсто за канадските енергетски производи.

carinidzastin trudokanadatramptrudo

Би можело да ве интересира

Анкета на CNN: Трамп се соочува со длабок јавен скептицизам во врска со војната со Иран

Горан Наумовски02/04/2026 - 21:49

Трамп ја разреши главната обвинителка Бонди

Горан Наумовски02/04/2026 - 21:06

Трамп: Иранскиот режим побара прекин на огнот

Горан Наумовски02/04/2026 - 19:43

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Горан Наумовски02/04/2026 - 19:27

Трамп: Време е Иран да склучи договор „пред да биде предоцна“

Горан Наумовски02/04/2026 - 19:17

Туск: Заканата на Трамп за напуштање на НАТО е „план од соништата“ на Путин

Горан Наумовски02/04/2026 - 18:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто