Канада до крајот на 2016 година ќе прими двојно поголем број сириски бегалци, до 50.000 лица, изјави денеска канадскиот министер за имиграција и државјанство Џон Мекалум.
Мекалум за време на посетата на Јордан, се сретнал со семејствата на бегалците од Сирија, кои се подготвени да отпатуваат во Канада.
Новата канадска Либерална влада работи на исполнување на ватувањето за прием на 25.000 сириски бегалци до крајот на февруари.
Мекалум изјави дека Канада се надева дека ќе прифати меѓу 35.000 и 50.000 сириски бегалци до крајот на 2016 година.
За време на посетата на Јордан, канадскиот министер за имиграција и државјанство ги посети објектите за сместување на бегалците во таа земја.