Канада ќе распореди шест ловци Ф-18 во Источна Европа, со што ќе уќествува во зајакнување на капацитетите на НАТО поради влошувањето на кризата во Украина, изјави премиерот Стивен Харпер.
Авионите ќе бидат распоредени во Полска, но Кабинетот на канадскиот премиер засега не ја потврдува таа информација.
– Канада продолжува остро да ја осудува незаконската руска окупација во Украина, како и постојаните провокациски воени гестови на Русија. Ја признаваме неопхподноста од зајакнување на сигурноста и стабилноста во Централна и Источна Европа, рече Харпер.