Канада ќе испрати дополнителни 150 војници во Летонија

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска соопшти неговата земја испраќа 150 дополнителни војници во Летонија и ги проширува своите воени операции во источна Европа, по руската инвазија врз Украина.

Канадските сили првпат беа испратени во Европа како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година и се проширија во Латвија во 2016 година. Тој не откри други детали.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој заедно со Трудо е во посета на Летонија, рече дека рускиот претседател Владимир Путин „сериозно ја потценил“ Украина, како и решеноста на НАТО.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој исто така е во Летонија, рече дека Путин е „сам“ и оти светот е со Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ