Канада ја засилува безбедноста на летовите

Од:

Канадската Влада соопшти дека ја засилува безбедноста на некои летови што доаѓаат од странство, пренесоа француските медиуми.

Мерката не предвидува забрана за носење на електронска опрема поголема од телефон во патничките салони, како што направија САД и Велика Британија.

Министерот за транспорт Марк Гарно одби да соопшти повеќе детали за мерката и за летовите или засегнатите земји, но рече дека таа се носи заради безбедносни ризици.

– Одлучив да применам дополнителни мерки кон некои летови што доаѓаат во Канада од некои аеродроми во странство, за да гарантираме поголема безбедност, изјави Гарно.

Тој кажа дека канадските служби за безбедност по направената анализа на разузнавачките податоци, што им биле доставени од Американците, утврдиле ризик за безбедноста на летовите.

Гарно изјави дека патниците, кои доаѓаат во Канада, во моментов ќе можат да ја носат својата електронска опрема во авионите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски