Канада ја разгледува со партнерите на НАТО можноста за свое постојано воено присуство во Источна Европа

Од:

Канада ја разгледува со партнерите од НАТО можноста за свое постојано воено присуство во Источна Европа, изјави премиерот Стивен Харпер.

– Сега водиме дијалог со Полска и со други земји за тоа што, како сојузници од Алијансата, можеме да сториме ние за обезбедување на мирот во регионот. Го разгледуваме тоа прашање сега, и веројатно ќе го разгледаме во септември на средбата на врвот на НАТО во Велс, рече канадскиот премиер.

Во Полска во моментот се наоѓаат 125 канадски војници кои од денеска до 21 јуни ќе учествуваат на вежби на Алијансата на територијата на таа земја и на трите балтички републики.

Канада освен тоа распореди еден воен брод во Средоземното Море и шест ловци Ф-18 во Романија.

Би можело да ве интересира

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација