Канада и Франција ќе ја интензивираат соработката против тероризмот

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс при вчерашната посета на Канада изјави дека двете земји одлучиле да ја интензивираат борбата против тероризмот.

– Заедно сме апсолутно одлучни да ја засилиме соработката против тероризмот. Тероризмот тешко ја погоди Франција, Канада исто не остана не погодена и тероризмот и се заканува во моментот, истакна Валс на заедничката прес-конференција со канадскиот колега Џастин Трудо.

Валс наведе дека на средбата со Трудо разговарале и за меѓународните кризи, „посебно за сириската драма, ужасната трагедија која ја преживуваат во Алепо и неговите жители, соочени со цинизам и бруталност поддржани од Русија и сирискиот режим“.

– Имаме потреба од Канада во Блискиот Исток и во Африка, во Обединети нации и насекаде, каде стабилноста и безбедноста се под закана на кризи, посочи Валс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски