Канада, голем но неистражен потенцијал за македонските компании

Од:

Унапредувањето на трговската размена, економската соработка и инвестициите од Канада во Македонија и обратно, како и доближување на Канада кон македонските компании е целта на дводневниот настан „Канадски денови“ што се одржува во Скопје во организација на „Македонија 2025“ со поддршка на Канадската амбасада за Србија, Македонија и Црна Гора.

„Македонија 2025“ смета дека во Канада има бројна дијаспора, но економската и образовната соработка меѓу двете земји е на релативно ниско ниво. Затоа, велат дека во наредните два дена, но и во текот на цела 2015 година ќе работат да го промовираат економскиот потенцијал на Канада и нејзиниот голем и неискористен пазар, бидејќи од досегашната соработка е утврдено дека има гомлеми можности за извоз и продлабочување на соработката кои засега се неискористени.

Амбасадорот на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора, Филип Пинингтон на денешната прес-конференција оцени дека имаат голема македонска дијаспора која се залага за продлабочување на економските односи меѓу двете земји и посочи дека му е драго што Амбасадата има можност прв пат да даде поддршка на граѓанскиот сектор во Македонија.

– Канадската бизнис заедница цени дека Македонија е привлечно место за инвестирање. Канадските денови во Скопје нудат прекрасна можност за да ги истражиме можностите за проширување на соработката помеѓу нашите земји, но исто така и да научиме за македонските и канадските регулаторни решенија во поглед на трговската размена, искуствата во работењето и образовните програми, рече Пинингтон.

Тој посочи дека Амбасадата им стои на располагање на сите кои се заинтересирани за да ја зајакната економската соработка меѓу Канада и Македонија и да се прошират инвестициските, трговските, но и општите врски меѓу двете земји.

Министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф посочи дека како поранешен член на одборот на директори на „Македонија 2025“ можел одблиску да се запоснае со, како што рече, нивната напорна работа, страст и извонреден талент да ја направат Македонија посилна.

– Ќе направам се што е во моја моќ да привлечам што е можно повеќе квалитенти компании од Канада кои сакаат да се шират во Македонија и Европа. Особено во Македонија бидејќи таа сега е најконкурентната пробизнис ориентирана држава и е совршената влезна точка за Европа, рече Наумоф.

Последниот вршител на должноста амбасадор на Македонија во Канада, Јовица Палашевски истакна дека се залагал за зголемување на македонскиот извоз во Канада и што поголема застапеност на македонсктие производи во канадските супермаркети.

Во Македонија во моментов има две поголеми канадски инвестиции, консалтинг компанијата „Козмик Дивелопмент“ и концесионерот на рудникот Иловица, „Еуромакс Ресурсис“.

Токму косопственикот и основач на „Козмик Дивелопмент“, Крис Павловски изјави дека се занимаваат со бизнис консалтинг за ИТ компании од Канада и САД и додаде дека во Скопје имаат 150 вработени.

– Нашата првична инвестиција во Македонија почна пред четири години кога инвестиравме околу еден милион долари. Планираме да го зголемиме нашиот бизнис и да се проишириме во Белград, Србија, рече Павловски.

Тој нагласи дека пред пет години како опција за инвестирање разгледувале повеќе земји меѓу кои и Индија, Аргентина и Бразил, но се одлучиле за Македонија заради можностите што ги нуди.

На „Канадски денови“ присуствуваат и претставници од економскиот и образовниот сектор на Кандската амбасада, како и владини и универзитетски претставници и бизнисмени, кои ќе зборуваат на неколку панели на теми како регулаторни решенија за поттикнување на интеракцијата со странските пазари и македонско-канадската соработка во образованието и погледи кон иднината.

За време на вториот ден од Канадските денови, ќе бидат презентирани канадски образовни програми како и отворени повици за аплицирање за две програми на Македонија 2025, проектот Лидер и Студиска Тура во Торонто.

Трговската размена меѓу Македонија и Канада лани изнесувала 20,52 милиони канадски долари од кои 14,72 милиони се извоз на македонски производи, а 5,8 милиони се увоз. Двете земјии имаат можност за проширување на соработкатка, особено во земјоделскиот иа ИТ секторот.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто