Канада ги прошири санкциите против руски официјални лица

Од:

Канадската Влада го прошири списокот со санкции против руски пратеници и државни службеници, кој вклучува уште 15 лица, меѓу кои и шестмина пратеници од Крим, соопшти Министерството за надворешни работи во Отава.

Министерството соопшти дека мерките се неопходни со цел „да се изврши притисок врз Русија, бидејќи таа не ги почитува обврските во однос на Украина“. Освен тоа санкциите се воведуваат и како одговор на изборите од 18 септември за пратеници во Државната дума на Крим, кои Канада ги смета за нелегитимни.

Со санкциите финансиските сметки на овие лица во Канада ќе бидат замрзнати, а ќе им биде забранет и влез на канадска територија.

– Проширувањето на списокот со санкции е непријателски потег, за кој ќе следи соодветна реакција, истакна портпаролот на руската амбасада во Отава, Кирил Калинин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски