Камионџии во знак на протест го блокираа граничниот премин меѓу Канада и САД

Од:

Најпрометниот граничен премин меѓу САД и Канада денеска остана затворен, соопшти канадската погранична агенција откако возачите на камиони вчера ги блокираа пристапните патишта, во знак на протест против владината одлука за задолжителна вакцинација на возачите кои ја минуваат границата.

Возачите бараат укинување на одлуката на сојузната влада за обврската за вакцинација. Протестите започнаа на 28 јануари со блокада на улиците на канадската престолнина Отава.

Полицијата заплени илјадници галони гориво од неделата навечер и го отстрани камионот-цистерна. Камиони почнаа да го блокираат сообраќајот доцна синоќа на мостот Амбасадор, кој се наоѓа помеѓу езерото Ири и Хјурон.

Канадската агенција за гранична контрола денеска соопшти дека мостот е затворен, но полицијата подоцна информираше дека сообраќајот по мостот кон САД е дозволен.

Канада извезува 75 отсто од својата стока во САД, а дневно, вообичаено по мопстот минуваат околу 8.000 камиони.

– Дојдовме овде да испратиме порака, а пораката не се пробива, изјави синоќа портпаролот на протестот Том Марацо.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера се појави во јавност по првпат по повеќе од една недела, откако беше заразен со Ковид-19, и порача дека протестите мора да престанат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа