Камион натоварен со 800 гасни боци се запали на автопат во Романија

Од:

Камион натоварен со 800 боци со гас утринава се запали на еден автопат во Романија, предизвикувајќи серија експлозии, јави агенцијата Аџерпрес.

Локалната полиција соопшти дека при инцидентот нема загинати, но дека 12 лица се здобиле со серизни изгореници, од кои едно е во критична состојба.

Инцидентот се случил во месноста Михајлешт, во округот Бузау на југот на Романија. Населението што живее во радиус од половина километар од местото на инцидентот, е евакуирано. Сообраќајот е блокиран, а на местото се испратени осум противпожарни возила.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ситуацијата е ставена под контрола и дека нема опаснот од нови експлозии. 

Би можело да ве интересира

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ