Камерон започнува четиридневна обиколка во Југоисточна Азија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска започнува четиридневна азиска обиколка, при што ќе ги посети Индонезија, Сингапур, Виетнам и Малезија. Камерон денеска и утре ќе престојува во Индонезија.

Најавено е дека Камерон со домаќинот, претседателот на Индонезија Јоко Видодо ќе разговара за зголемување на економската соработка, безбедноста и борбата против исламскиот екстремизам.

Британските и индонезиските медијуми најавуваат дека Камерон доаѓа во Џакарта со пакет предлози според кои двете држави треба да воспостават партнерство во доизградбата и опремувањето на цивилните и воени пристаништа во Индонезија.

Велика Британија ќе понуди и логистичка подджка за спречување на ширењето на исламскиот радикализам во Индонезија, која е набројна држава со муслиманска популација во светот.

Ова е прва официјална посета на британскиот премиер на една држава вон Европа по неговиот реизбор во мсј годинава. Во изјава пред доаѓањето во Џакарта Дејвид Камерон рече дека Велика Британија ќе и додели поволен кредит од милијарда фунти на Индонезија, кои ќе бидат дел од овдешните вложувања во инфраструктурата.

Индонезија до 2.025 година планира да вложи над 200 милијарди долари во осовременување и доизградба на објектите за сувоземен и поморски и воздушен сообраќај. 

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година