Камерон: Велика Британија ќе ги обучува либиските сили за безбедност

Од:

Велика Британија ќе помогне за обучување на либиските сили за безбедност, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон, кој пристигна во ненадејна посета на Триполи.

Откако допатува од Алжир, каде што исто така вети помош во безбедноста и разузнавањето за справување со исламистичките вооружени борци во реонот, Камерон ја посети полициската академија и „Плоштадот на мачениците“ во либиската престолнина.

– Немаме вистинска слобода, ниту вистинска демократија без безбедност и стабилност. Презедовме ангажман да помогнеме, како тука, така и во регионот, рече Камерон на прес-конференција со либискиот премиер Али Зејдан.

– Договоривме пакет за дополнителна помош за Либија од страна на Велика Британија – зајакнување на воената обука и зголемување на бројот на полициски советници, рече Камерон.

Камерон последен пат ја посети Либија во 2011 година заедно со тогашниот француски претседател Никола Саркози, откако бунтовниците го соборија од власт поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, со француска, британска и американска поддршка.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство