Камерон: Велика Британија испраќа во Ирак уште два авиона „Торнадо“

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон донесе одлука со уште два бомбардера „Торнадо“ да ги засили армиските сили, кои учествуваат во операцијата против исламистите во Ирак.

-На овој начин во регионот во функција веќе ќе има осум авиони од овој тип, соопшти  синоќа самиот премиер при ненајавената посета на кипарска база на британските Воено-воздухопловни сили, пренесе ТАСС.

Според Камерон, воздушните напади остануваат само „еден од неколкуте“ компоненти на стратегијата, која Лондон ја користи во борбата со групата „Исламска држава“. Таа вклучува, исто така, и обука на ирачките вооружени сили и хуманитарна помош за населението.

-Екстремистите од ИД им се закануваат не само на безбедноста на Ирак или Сирија, туку и на Обединетото кралство, изјави Камерон, кој пристигна во базата Акротири на островот Кипар.

„Од овие причини нашите Воено-воздухопловни сили учествуваат во оваа мисија и точно затоа е толку неопходно ние да победиме“, истакна тој.

Камерон им заблагодари на војниците од военото воздухопловство за „нивната крајно важна активност“ на небото над Ирак. „На помалку од една недела по почнувањето на борбените летови нашите пилоти веќе  постигнаа впечатливи резултати“, изјави тој.

До овој момент британските Воено-воздухопловни сили веќе изведоа неколку серии воздушни напади врз позициите на ИД во Ирак.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот