Камерон: Сите акции ги продадов пред да станам премиер во 2010 година

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги отфрли обвинувањата од опозицијата и дел од медиумите, околу неговата поврзаност со оф-шор фирмата на неговиот покоен татко, која се најде во „Панамските документи“ на фирмата „Мосак Фонсека“.

– Намам што да кријам. Поседував акции во оф-шор фондот на татко ми, но сите ги продадов пред да станам премиер во мај 2010 година. За целата таа трансакција имам платено данок на профитот остварен при продажбата, рече Камерон во интервју за британската телевизија Ај-Ти-Ви њуз.

Во интервјуто, тој вели дека целиот случај е подигнат врз едно „погрешно разбирање“ и тврдење дека фирмата на неговиот татко „Балтимор инвестмент“ е создадена за да помага за неплаќање данок.

– Горд сум на татко ми, на она што го направи и на бизнисот со кој се занимаваше. Не сакам да гледам како неговото име се валка во калта, истакна Камерон во интервјуто.

Даунинг стрит 10, во меѓувреме, соопшти дека Камерон и неговата сопруга купиле акции во 1997 година за 12.500 фунти кои ги продале во јануари 2010 година, за 31.500 фунти. За заработувачката, платиле данок според основицата која тогаш се пресметувала.

Лабуристичката опозиција врши силен притиска врз премиерот, доведувајќи ја во прашање „неговата моралност’, затоа што за оваа работа не зборувал пред објавувањето на „Панамските документи“.

Опозицијата вклучувајчи ја и Шкотската национална партија (СНП) инсистира дека не се занимава со случајот на таткото на Камерон, туку со однесувањето на актуелниот премиер и бара од него дополнителни објаснување и проверка на сите негови сметки.

Заменик лидерот на лабуристите Том Вотсон, припадник на левото крило во партијата, кое организираше партиски пуч против Тони Блер, сега го обвинува Камерон за „хипокризија“.

Функционери на оваа партија тврдат дека премиерот ги изневерил гласачите, затоа што според нив, тој треба да биде „чесен и пример за другите“, но не бараат од него одговорност и оставка.

Случајот на Камерон и неговиот татко, се појавува на еден месец пред локалните и регионаните избори во Велика Британија, па опозицијата настојува да го искористи тајмнигот за да го врати угледот кај гласчите, во Англија, Шкотска и Велс.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски