Мачорот Лари ќе ја задржи „својата функција“ на адресата на британскиот премиер Даунинг стрит 10, и по иселувањето на Дејвид Камерон, соопшти портпаролот на британската влада.
Мачорот Лари е познато „ТВ лице“ кое се појавува при повеќето директни ТВ преноси пред резиденциајта на премиерот уште од 2011, објави Би-Би-Си.
Портпаролот на владата додаде дека „Лари е државен мачор а не сопствност на Камерон, па секако дека останува во резиденцијата“.
Лари во Даунинг стрит е донесен со задача да го реши проблемот со глувците, откако во еден директен пренос во кадарот пред премиерската резиденција пред влезната врата „позираше“ голем црн глушец.
Официјални лица велат дека Лари има „силен предаторски нагон“ и ужива во игри со глувци и играчки и дека е прилагоден да лови глодари.