Камерон се закани со употреба на „сите средства“ во борбата против ИД

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека ќе ги употреби сите средства за пронаоѓање на заложниците, кои се киднапирани од групата Исламска држава, како и за победа над џихадистите.

Изјавата на Камерон е дадена по вчерашната видео снимка објавена на интернет, на која е прикажано обезглавувањето на британскиот хуманитарен работник Алан Хенинг (47).

– Ќе ги употребиме сите средства со кои располагаме во напорите да ги пронајдеме заложниците и ќе направиме се што е потребно за да ја победиме оваа организација, које е премногу безмилосна, безчувствителна и варварска во односот кон луѓето, истакна Камерон.

Хенинг во декември минатата година замина како дел од хуманитарниот конвој со медицински материјали за болници во северозападните делови на Сирија.

Исламската држава ја презеде одговорноста за убиството на Британецот, заканувајќи се дека следен заложник кого ќе го ликвидираат ќе биде 26-годишниот Американец Питер Кесиг, поранешен американски војник кој служел во Ирак.

Ова е четврти пат џихадистите на брутален начин да убијат заложник, а снимката да ја објават на интернет.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство