Камерон се обидува да го запре приливот на мигранти

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека ограничувањето на мигрантите да му пристапат на британскиот систем за социјална заштита е неопходен услов за неговите преговори за врските на оваа земја со ЕУ.

-Јас и многумина други веруваме дека е во ред да се намалат поттикнувањата за луѓето кои сакаат да дојдат ваму…Со промени во социјалната заштита ќе се намали имиграцијата во ЕУ – ќе биде апсолутното барање во мојата репрограма, рече Камерон во Лондон, пред полетувањето за Самитот на ЕУ во Летонија.

Камерон на самитот на ЕУ ќе предложи мерки за запирање на приливот на рекордниот број мигранти како и за почеток на преговорите за измена на британскиите врски со ЕУ.

Според официјалните податоци, бројот на мигранти во Велика Британија во 2014 година достигна 318.000 лица. Камерон кажа дека планира илегалната работа да ја третира како кривично дело и дека на властите треба да им се даде можност да ја одземат илегалната заработка, пренесуваат британските медиуми.

Камерон се наоѓа под се поголем притисок да го намали растот на имиграцијата за да ја засили британската економија. Тој очекува да се договори со ЕУ за тоа Велика Британија да може остро да го ограничи пристапот на мигрантите кон социјалната заштита.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство