Камерон: Руските напади во Сирија се „страшна грешка“

Од:

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да започне воена акција во Сирија, како поддршка на шефот на сириската држава Башар ел Асад, претставува „страшна грешка“, оцени денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Тие го подржуваат крвникот Асад, што претставува страшна грешка за нив и за целиот свет. Тоа ќе го направи регионот уште понестабилен, изјави Камерон за Би-Би-Си на маргините на годишната Конференција на неговата владејачка Конзервативна партија, што се одржува во Манчестер.

Според Камерон, руските напади во Сирија претставуваат „драматична ескалација на странска вмешаност во граѓанската војна“ во земјата.

– Поголемиот дел од руските воздушни напади, колку што можев досега да видам, беа извршени во делови на Сирија што не се под контола на Исламската држава, туку на другите противници на режимот на Асад, изјави Камерон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети