Камерон: Русија е одговорна ако малезискиот авион го собириле проруските сепаратисти

Од:

Ако се докаже дека проруските сепаратисти во Украина стојат зад соборувањето на малезискиот авион во четвртокот, тогаш Русија треба да биде посочена како одговорна поради тоа, смета британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Ако тоа се докаже, тогаш треба да биде сосема јасно што тоа значи – тоа е директна последица на руската дестабилизација на една суверена држава, на руското нарушување на нејзината територијална целовутост, на руската поддршка на вооружените сечачи на глави и на руската обука и вооружување на тие милитанти, напиша Камерон во статија во „Сандеј Тајмс“.

Камерон ви такстот ги обвинува и своите европски колеги дека многу чекале на акција против Кремљ.

– Доста долго време многу европски земји не сакаа на реагираат на последиците од она што се случуваше во источна Украина. Време е да ја покажеме важноста на нашето влијание и на нашите ресурси. Нашите економии се силни и стануваат се посилни, но понекогаш се однесуваме дека нам повеќе ни е потребна Русија, отколку ние на неа, смета Камерон.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство