Британскиот премиер, Дејвид Камерон истакна дека ќе ги повика претениците да го прекинат одморот и да присуствуваат на седница, на која што ќе се најде одговор за употребата на хемиско оружје во Сирија.
Како што пренесе „Франс прес“ тој нагласи дека претседателот на парлементот веќе се согласил во четврток да се одржи седницата, за наводниот напад со хемиско оружје во Дамаск.
Велика Британија, Франција и САД сметаат дека нападот го извел сирискиот режим.
Портпаролот на Камерон денес потврди дека британските вооружени сили подготвуваат планови за воена акција во Сирија, но се уште не е донесена никаква одлука каква акција треба да се преземе.
Елена Георгиевска