Камерон: Помагајќи му на Алжир си помагаме и себе си

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија сака да им помогне на земјите како Алжир во борбата против меѓународниот тероризам и во справувањето со заканата од растечката моќ на Ал Каеда во Северна Африка.

– Помагајќи му на Алжир во ова, ние си помагаме и себе си, рече Камерон за време на својата работна посета на Алжир.

Британскиот премиер беше во посета на оваа северноафриканска земја, по крвавото завршување на заложничката криза во алжирскиот дел од Сахарската Пустина.

Една терористичка група поврзана со мрежата на Ал Каеда, ги нападна постројките на рафинеријата за гас во Ин Аменес, земајки како заложници стотина странски и домашни работници. Во интервенцијата на алжирските безбедносни сили, беа убиени најголемиот број од терористите, но беа ликвидирани од напаѓачите или настрадаа и четириесетина странски работнци, меѓу кои и шестмина Британци.

Камерон, кој во Алжир беше како првиот британски премиерво посета на оваа земја по 51 година, рече дека најголемата закана од тероризмот и исламскиот екстремизам ја чувствуваат пред се земјите од овој дел на Африка, но заканата постои и за Велика Британија.

– Потребно е со овие земји да работиме заеднички, во обезбедувањето сигурност за државите во северноафриканскиот регион, како и за Британците кои живеат во тој дел од светот, рече британскиот премиер.

Во изјава за лондонските медиуми Камерон објасни дека таа негова позиција се гледа во сегашните случувања во Мали и со интевенцијата за одбрана на целовитоста и стабилноста на оваа земја.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот