Камерон: Опасно ќе стане доколку САД се откажат

Од:

Британскиот премиер, Џејмс Камерон денес изјави дека верува дека сириските власти повторно би употребиле хемиско оружје против сопствениот народ, доколку САД се откаже од најавената воена акција против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Одговарајќи на прашање на една пратеничка во опозициската Лабуристичка партија дали би се залагал за прекин на огнот во Сирија, наместо за нејзино бомбардирање, Камерон истакна дека американскиот претседател Барак Обама му упати на Асад јавно предупредување дека има право да стои зад тоа, пренесе „Ројтерс“.

-Би сакал само да ја замолам да се стави на момент во позицијата на претседателот на САД. Тој стави многу јасна црвена линија, доколку е користено хемиско оружје, тогаш нешто мора да се преземе-изјави британскиот премиер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство